Бензинот од полноќ поевтинува за 4,5 денари

Категории: Македонија

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од ноќеска на полноќ да поевтинат горивата. Еуросуперот од 95 октани и од 98 октани ќе се продава за цена пониска за 4.5 денари по литар.

Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени на горивата, цените на горивата се намалуваат во просек за 4.73%. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 78.50 денари литар, а ЕУРОСУПЕР-98 по цена од 80.50 денари литар – односно и двата видови гориво по цена која е 4.5 денари пониска од порано.

Исто така, поевтинуваат и еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Кај нив цените се намалуваат за 1,5, односно за 2 денари по литар. Новата цена на дизел горивото е 72 денари за литар.

РКЕ исто така ја намали и цената на мазутот. Вкупно, малопродажните цени на дериватите се намалуваат во просек за 3.2 отсто.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,