Шокантно тврдење: Борис Трајковски бил намерно убиен?

Категории: Македонија, Слајдер

Адвокатот Игњат Панчевски тврди дека поседува сателитска видео снимка на која се гледа како од воениот авион е стрелано со ракета, како е погоден претседателскиот авион и како се срушил.

Тој вели дека оваа снимка е цврст доказ и потврда на атентатот врз претседателот Борис Трајковски и неговиот екипаж.

-Странски тајни служби го снимале целоит лет. Јасно било дека атентатот е подготвуван долго време. Летот намерно наместо ноќта на 25ти бил презакажан за 26ти утрото, а бил променет и дел од екипажот. Врските на авионот со контролата на летање биле прекинати, а намерно навигацијата била превземена од воено возило кое кингерот го наведувал на линија со воен авион, вели Панчевски и тврди дека на видео снимката се гледа како од воениот авион е стрелано со ракета, како е погоден претседателскиот авион и како се срушил.

Тој вели дека за се’ се грижеле воени лица кои биле присутни на местото каде паднал кингерот.

Панчевски вели дека снимката ќе ја презентира во јавност, а досега не го правел тоа за да не ја изгуби веродостојноста на доказот..

Тој додава дека лицата по падот биле злосторнички убиени.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,