Претседателот Барак Обама реизбран

Категории: Свет, Слајдер

Рано утрово беа познати резултатите од американските избори според кои, во голема мера очекувано, досегашниот претседател Барак Обама доби нов 4-годишен мандат во Белата Куќа. Обраќајќи се на нацијата по реизборот Обама зборуваше за острата кампања, за неговата визија за наредните 4 години, го спореди слободарскиот дух на нацијата со пионерите кои ја прогласиле независноста, наведе примери со кои се среќавал за време на кампањата, упати порака дека никој кој се бори за САД нема да дозволи да се бори и за работно место. И се заблагодари на сопругата Мишел и нивните ќерки за поддршката, како и на противкандидатиите Мит Ромни и Пол Рајан за жестоката битка.

Говорот на претседателот Барак Обама по прогласувањето на победата

Во вчерашните избори Обама победи со 303 наспроти 206 електроски гласови. Победа однесе во 26 држави, наспроти Ромни кој победи во 24. Гласовите од Флорида сеуште се пребројуваат, но нема да влијаат врз конечниот резултат. До овој момент и таму Обама е во предност од 1% или околу 50 000 гласови повеќе од Мит Ромни.

Денот на кој Барак Обама прогласува победа има и една лична димензија за него – на овој ден во 1995 година починала неговата мајка, Ен Данхам.

Републиканецот Мит Ромни, традиционално, му ја честита победата на Барак Обама и му посака успешен мандат. Ромни им заблагодари на својата жена Ен Ромни, на својот партнер Пол Рајан и на тимот и гласачите кои работеа за него. Повика на единство во интерес на Америка.

Говорот на гувернерот Мит Ромни

Демократите ја задржаа контролата во Сенатот на САД, 51 наспроти 45 републиканци. Демократите остварија послеб резултат во Претставничкиот дом на САД за разлика од 2010, но и натаму Републиканците го имаат мнозинството, 186 наспроти 231. 18 места се сеуште во игра.

Ова беа најскапите избори кои некогаш се одржале во САД. На нив се судрија две различни политики. Македонците во САД беа приклонети кон републиканецот Ромни, но значителен дел го поддржа Обама. Не се очекуваат некои поголеми промени во надворешната политика на САД кон Македонија. Можеби реално е да се очекува дека претседателот Обама има можност поотворено да застане зад поддршката на Македонија за влез во НАТО бидејќи го нема товарот од повторен реизбор. Да потсетиме дека претседателот Џорџ Буш донесе одлука за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно скоро по неговиот реизбор. Но не треба да се заборави и на влијанието кое грчкото лоби го има во администрацијата на Обама.

Во секој случај, му посакуваме успешен мандат.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , ,