Почина бугарскиот патријарх Максим

На 98 – годишна возраст вчеравечер почина бугарскиот патријарх Максим. Потврда за неговата смрт дала и Бугарската православна црква.

Патријархот починал утрината неколку минути пред 4 часот во софиската болница „Лозенец“.

Се очекува во најскоро време седница да свика Светиот синод кој ќе закаже и вонреден црковно – народен собор, кој ќе избере нов патријарх. По црковниот устав, тој не треба да е помлад од 50 години.

Тој никогаш немаше утврдено свој наследник, бидејќи тоа е спротивно на каноните на Бугарската православна црква. Патријархот Максим, чие световно име е Марин Минков, е роден на 29 октомври 1914 година во тројанското село Орешак.