Крвави солзи на иконата на Богородица за смртта на патријархот Максим

Бугарските медиуми вчера објавија дека од чудотворната икона на Богородица протекле крваво црвени солзи.

Според балканското Атонско здружение Господ испратил и друг знак за смртта на Неговата Светост-беснеење на ураган точно во 3:30 часот во ноќта кога починал. Чудото го објавија претседателот на Управниот одбор на балканското-Атонско здружение, Андреј Кристов и секретарот Валентин Тодоров.

– Ќе поминат години, децении, можеби и векови и Православието ќе го добие Свети Максим Патријархот Бугарски, заедно со Свети Максим Исповедник и Свети Максим Грк”, се вели во обраќањето.

Како Божји знак за смртта на патријархот свештениците од цела Бугарија посочија на ненадејниот ураган токму во времето кога дедо Максим почнала да го напушта душата во државната болница. Стихијата траела час и половина и стивнала во минутитите кога Неговата Светост починал.

Бура се појавила и во родното село на патријархот.