Кадетите на ФК Напредок редат успеси

Категории: Спорт

Стојат: Горан Стојаноски, Димитар Димоски, Живко Стаматоски, Бојан Богојевски, Филип Димитриоски, Илчо Георгиевски (голман), Пеце Мирцески (капитен)
Клечат: Огнен Митрески, Самир Таироски, Александар Велкоски, Славце Шошолоски

Дека Кичево е расадник на фудбалери, покажуваат и резултатите на кадетите на Напредок кои постигнуваат одлични резултати и прикажуваат игра достојна на големи екипи. Нивни идоли се сениорите кои имаа сезона од соништата во Првата македонска фудбалска лига.

Со 5 победи (3 во гости) моментално се наоѓаат на четвртото место на табелата. Нивните настапи привлекуваат се поголемо внимание. Со играта која ја прикажуваат можеме да сметаме на многу успешни сезони за ФК Напредок кои следат допрва.

Следната утакмица која ја играат кадетите на Напредок е во сабота со почеток во 13.30 часот против екипата на ФК Порече. Претходно, во 12 часот настапува пионерската екипа исто така против ФК Порече.

Времето ќе биде одлично, дополнителен мотив за да ги проследите на градскиот стадион.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,