Грабнат авион на охридскиот аеродром

Категории: Македонија

Ова не е вистински настан, туку симулација во рамки на оперативно-тактичката вежба “Бран 2012“ која МВР во соработката со надлежните инстируции ја спроведува на аеродромот “Свети Апостол Павле“ во Охрид.

-Целта на вежбата е проверка и подобрување на координацијата и меѓусебната комуникација на сите структури надлежни за превземање мерки и активности, како и натамошно унапредување и доусовршување на постапувањето при справување со кризи предизвикани од тероризам во цивилната авијација, соопштуваат од Министерството.

Вежбовните активности кои ќе траат три дена ќе се одвиваат во неколку фази од моментот на “добивање на сознание за грабната воздухоплов“ и во неа ќе учествуваат, односно ќе бидат ангажирани над стотина припадници на различни организациони единици на МВР, како и припадници на други институции.

Главната фаза на оперативно-тактичката симулација е поделена на два дела заклучно со “разрешувањето на инцидентот“.

Во првиот дел, кој ќе се одвива утре, според замисленото сценарио, во “моментот по непосредно добивање сознание за грабнат воздухоплов“, фокусот на активности ќе биде насочен кон организационо постапување наспроти “инцидентот“, односно организирање на потребните сили (нивно тимско екипирање и пристигнување) проследено со соодветна координација на нивните активности (формирање оперативен штаби и слично).

Вториот дел од активностите кои ќе бидат посветени на постапувања за разрешување на “инцидентот“, при што посебен акцент ќе биде ставен на “водењето преговори со грабнувачите (терористи)“, при што во замисленото сценарио на вежбата ќе учествуваат и студенти од Факултетот за драмски уметности во улога на “грабнувачи на заложници“.

Наедно, според замислената симулација предвидено е покрај теренските активности напоредно со нив да се направи и евалуација на “сработеното“ и “насочување на активностите во натамошното постапување“.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,