Што е слично помеѓу Грција и нацистичка Германија

Категории: Магазин, Слајдер

И во двете земји имаше голема криза. И во двете земји во подем беа движењата кои заговараа национализам, разизам. Онака како наликуваше Германија во триесеттите, така некако почнува да наликува и Грција денес.

Лоренс Рис, поранешен креативен директор за историската програма на Би Би Си и автор на шест книги за Втората светска војна, направи анализа проучувајќи ги условите што му овозможиле на Адолф Хитлер да стане толку моќен во Германија. Тој прави споредби помеѓу Нацистите во фашистичка Германија и нео-нацистичката партија во Грција, „Златна зора“.

Ако се земе во предвид анализата, не само што историјата се повторува, туку со сигурност може и да не предупреди што ќе се случува во иднина. Авторот ја споредува тешката светска економска положба со онаа пред Големата светска економска криза од 1929-тата година.

Стапката на невработеност од 25, 4 проценти и чувството дека се понижени од меѓународните лидери, наликува на тоа како се чувствувала Германија по крајот на Првата светска војна. Тешките услови од Версајскиот договор кои му дозволија  на Хитлер да се издигне, според анализата, се забележителни и во Грција.

Она што наликуваше на слабост кај Хитлер по Големата Криза стана негов атрибут, затоа што луѓето беа гладни и очајни – слично како што сега се Грците. Хитлер го искористил тоа за да го сврти народот против неговите непријатели – Евреите и комунистите, вели Рис, чија емисија „Мрачната харизма на Адолф Хитлер“, почна да се прикажува на Би Би Си.

Рис вели дека е иронично тоа што Грците ја поздравиле германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината посета во Атина со протести на кои се забележувале транспаренти со свастика, додека во исто време радикално десничарската политичко движење на „Златна Зора“ станува се позасилено.

-Движење кое е предводено од човекот кој тврди дека немало гасни комори во Аушвиц. Постои ли поголемо предупредување од ова? – прашува Рис.

„Златна Зора“ доби само 0, 29 проценти од гласовите на Грчките избори во 2009-тата и беше сметана за неважна партија. Оваа година успеја да добие 6, 97 проценти од гласовите и обезбеди 18 пратенички места во Парламентот. Тоа се случи како последица на намалувањето на платите, покачувањето на даноците и намалените пензии кои ги доведоа луѓето во сиромаштија, а екстремистите им кажаа на луѓето дека постои излез.

Новите анкети ги оценуваат како третата политичка партија во државата која е на пат на следните избори да освои околу 36 пратенички места од вкупно 300 во Парламентот.

Извор: Курир

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,