„Костенијада 2012“ во Македонски Брод

Во Македонски Брод, утре, по осми пат ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Костенијада-2012“.Место на случување ќе биде центарот на градот, каде ќе се претстават голем број производители на костен од овој крај, надалеку познат токму по овој произво.

Манифестацијата ќе почне во 10 ч. со пуштање во употреба на новиот кеј.

-Во центарот на градот ќе бидат отворени  дваесетина  штандови на производители на костен од нашиот крај.Посетителите кои од година во година ги има  се повеќе, ќе можат  да го вкусат нашиот костен, а истовремено да се снабдат со квалитетен поречки производ. Ќе има и  штандови  за дегустација на печени и варени костени, што ќе им бидат бесплатно достапни на посетителите – вели Милосим Војнески, градоначалник на општина Македонски Брод.-Вложуваме напори нашиот костен да биде брендиран, а ние како регион конечно да зачекориме кон подоброто утре-додаде тој.

Војнески потсети дека во холот од Центарот за култура ќе биде отворена и етнолошка изложба, а ќе биде  одржано и поетско читање.Исто така  посетителите ќе  присуствуваат и на  промоција на  стихозбирката  „Светлина на зеницата“ од познатиот македонски поет Горан Анчевски, во 14 часот. . Промотор ќе биде  Миле Јованвоски Поречанец, а стиховите ќе ги говорат актерот Мите Грозданов и поетесата Вики Сековска. Родословни песни, инспирирани од убавината ан Поречијата ќе  читаат и  други македонски поети.

Во сабота, во село Могилец, по повод осветувањето на новата црква ќе се одржи голем народен собир.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија