Отворена изложба „Кичево низ разгледници“

Категории: Актуелни теми, Кичево, Слајдер

Во Музеј „Западна Македониа во НОВ“-Кичево, вчеравечер беше отворена изложбата „Кичево низ разгледници“. Изложбата, прва од ваков вид во кичевскиот музеј, ја подготвија кустосите од националната установа Гоце Вељаноски и Ацо Нестороск.

– За првпат нашиот музеј организира ваква изложба, на која ќе бидат претставени голем број на разгледници,од кои може да се види растот и развојот на Кичево во изминатите стотина години. Првите разгледници датираат  од триесетите години на минатиот век, а збирката разгледници е заокружена со првата деценија од овој век.

За да ја обезбедиме оваа исклучителна збирка на разгледници, придонесоа  приватниот колекционер од Кичево Стојан Петроски, како и други приватни колекционери од градот а дел од овие разгледници се и во каталогот на музејот.  Голема благодарност до сите што придонесоа да де организира оваа изложба , пред се на  Министерството за култура на РМ , фотосекцијата при ОСУ „Мирко Милески“ Кичево, рече Гоце Вељаноски, еден од авторите на оваа изложба.

Првите разгледници од Кичево се појавиле  во триесетите години од дваесетиот век во книжарницата на Крсте Александровиќ.

Граѓаните на Кичево и лицата заинтересирани за минатото на Кичево, изложбата ќе можат да ја посетат во наредните десетина дена .

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,