Напредок без Марковски но со Степановски во Кратово

Категории: Спорт

Ремито на домашен терен против екипата на Дрита, во незначителна мера ја намали самодовербата кај фудбалерите на Напредок пред тешкото гостување кај Силекс во Кратово.Императивот на домаќинот по секоја цена да дојде до трите бода, е можеби шансата за Напредок непоразен да се врати од ова гостување.

На играчки план кичевскиот прволигаш знатно ослабен го очекува овој натпревар бидејќи во сино-белиот состав ќе го нема креаторот на играта Ристе Марковски, поради 5 жолти картони.Од друга страна радува враќањето во составот на Напредок на искусниот Кирил Степановски. Сепак се чини дека на ова гостување најголемиот товар ќе го понесе одбраната на гостите , а тука Куштрим Балажи ќе го има главниот збор и од неговото добро издание зависи и конечниот резултат на натпреварот.

-Важноста на бодовите за екипата на Силекс, ги тера домаќините со сите расположливи средства да атакуваат кон нашиот гол.Можеби императивот на домаќинот е шанса за Напредок непоразен да се врати од Кратово,бидејќи со контранапади можеме да го изненадиме нашиот ривал.Иако Силекс трите бода од овој меч ги посакува како никогаш досега, нас сметките на кратовци не не интересираат и затоа очекуваме традицијата на добри игри на овој стадион да ја продолжиме и на овој дуел-рече стамениот Куштрим Балажи.

Вторпат оваа есен Напредок на едно гостување оди ден порано а тоа е знак дека сино-белите имаат сериозни намери во Кратово да се надигруваат и непоразени да го напуштат градот создаден на вулкански кратер.

Состав: Пашовски, Михајлоски(Најдоски), Балажи,Никанчески, Степановски, Петрески, Костенцоски, Симјаноски, Вренцоски, Цветаноски и Симоноски.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,