Кичевчани собраа медали на првенство во карате

Минатиот викенд се одржа државно првенство во Фрајбург, Швајцарија. Учество зедоа 365 натпреварувачи кои беа квалификувани за ова првенство. Kashiva kan клубот од градот Biel, кој е основан од Борис Лескаровски-карате мајстор 5 дан, беше предводен од нашиот репрезентативец во карате Дејан Милошевски кој имаше улога натренер на ова значајно првенствона кое освоија вкупно седум медали.

“Од клубот се квалификуваа 5 натпреварувачи во дисциплината кати и борби. За прв пат во историјата на клубот, Elie Feller (седум кратен шампион во кати во U18) учествуваше во најдобрата категорија во ката (сениори) и го освои 2-рото место. Во категоријата U16 ката, исто така за прв пат финалето беше помеѓу нашите најдобри каратисти во таа категорија (Leo Esposito и Leon di Caprio) каде Leon di Caprio овој пат се закити со златниот медал. Исто така Leon di Caprio освои и трето место во категорија борби – 63 кг. Во категоријата до 10 години кати освоивме уште 2 бронзени медали. Со ова уште еднаш докажавме дека Kashiva kan прави вистински шампиони”  – истакна Милошевски.

Државно првенство Фрибург – Швајцарија резултати

1 златен медал
2 сребрени медали
4 бронзени медали

U 16 машки индивидуално 3124 ката
1 место златен медалшампионнаШвајцарија
Leon di Caprio

Сениори ката индивидуалнo
2 Место сребрен медал вице-шампион на Швајцарија Elie Feller

U16 машки индивидуално ката
2 Место сребрен медал вице-шампионнаШвајцарија
Leo Esposito

U18 ката индивидуално машки
3-то место бронзен медал
Elie Feller

Ката машки 10 години
3-то место бронзен медал
ConstantinoDennys, LeonettiQuentin

Кумите Индивидуалнo машки U16-63kg
3-то место бронзен медал
Leon di Caprio