Напредок победи на гости во Кратово

Екипата на Напредок извојува значајна победа и направи пробив од едно место погоре на табелата. Совладана беше екипата на Силекс. Напредок поведе уште во шестата минута со голот на Симоноски. Со тој резултат се замина и на полувреме. Во второто полувреме, по само 5 минути игра, во 50. минута Цветаноски го постигна и вториот гол за конечни 0:2.

Со оваа победа Напредок се искачи една позиција погоре и сега го зазема четвртото место со 26 бода.

На останатите дуели беа постигнати следниве разултати: Металург – Турново 1:1, Шкендија – Брегалница 0:3, вчера Пелистер – Работнички 1:0, завчера Дрита -Тетекс 1:0.

Колото ќе биде комплетирано со натпреварот Вардар – Ренова кој започнува во 16.30 часот.