Бочески: Сега и самиот врв не е недостижен за Напредок

Секогаш скромниот кормилар на Напредок Драган Бочески, конечно ја отвори душата и вели ако на почетокот на првенствената сезона ,главна цел за Напредок беше место на табелата повисоко од зоната за испаѓање од лигата, а сега на три кола пред крајот на полусезоната и по одличните резултати на кичевци во континуитет, сите погледи се свртени кон челото на табелат.

–          По триумфот во Кратово и по расплетот на останатите првенствени натпревари, можам слободно да кажам дека за нас сега и самиот врв на табелата не е недостижен . Ако во следното првенствено коло се исполнат нашите очекувања, а тоа значи ние да го совладаме Пелистер, а Вардар загуби во Турново, тогаш ќе се најдеме на чекор од фудбалскиот сон, првото место на табелата. Дали некој можеше да претпостави пред стартот на сезоната , дека ние и Турново ќе се бориме за највисоките позиции на табелата и ќе го кроиме пласманот на најдобрите во македонскиот фудбал- рече Драган Бочески, пресреќен по случувањата со неговиот Напредок.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија