Конечно реконструкција на главната улица

Фирмата што го доби тендерот за целосно реновирење на главната улица во Кичево „Александар Македонски“ интензивно ги спроведува предвиените активности.

Реновирањето ќе ја опфати комплетната инфраструктура, од централната пошта до комплексот „Арабела“. Покрај асфалтирањето на средишниот дел, со реконструкцијата ќе бидат опфатени и тротоарите од двете страни на улицата.Вредноста на инвестицијата е околу половина милион евра. Средствата се обезбедени со помош на Владата.

– Од кога успешно ја завршивме целокупната процедура за избор на изведувач, фирмата што го доби тендерот почна со реализација на работите. Предвидено е главната улица целосно да се реновира. Покрај асфалтот и коцките, целосно ќе се менуваат водоводната и канализациската мрежа, како и подземните кабли, изјави секретарот на Општина Кичево Рамиз Реџепи.

Реконструкцијата наиде на позитивен одзив кај кичевчани кои, поради староста на „коцката“, имаа проблем при движењето по улицата. Ова е една од најголемите инфраструктурни инвестиции во Кичево и треба да заврши за 180 дена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.