Новата палата на Ердоган со 1000 соби и авион од 185 милиони $ (фото)

Категории: Свет, Слајдер

Контроверзната нова палата со 1000 соби изградена за турскиот Претседател Реџеп Таип Ердоган е позната како Ак Сарај (Белата Палата). Изградена на шумовит рид во близина на главниот град Анкара. Зафаќа површина од 150 000 квадратни метри. За нејзиното градење се исечени неколку стотини дрвја од шумата која своевремено ја засадил првиот претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Ердоган пред неколку дена и официјално се всели во палатата која сеуште не е комплетно завршена. Атриумите на палатата се изградени од најквалитетен мермер.  Поседува најмодерни системи за заштита од прислушување и безбедност.

Интересно е што е 30 пати поголема од Белата Куќа во Вашингтон, од Кремаљ во Москва, од Версај во Париз, Бакингамската палата во Лондон…

Палатата на Ердоган чини 615 милиони долари, речиси двапати повеќе од претходно планираното. Во 2015 за доградба на палатата планирано е да се потрошат уште 135 милиони долари. Но има уште малку. 185 милиони долари се потрошени за новиот авион Ербас A330-200 на турскиот претседател Ердоган.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,