Парада за безбедни училишта во Кичево

Парадата за безбедни училишта, како дел од проектот инициран и подржан од канцеларијата на ОБСЕ во Македонија , „Безбедни училишта –Хармонична средина “, спровеведен во координација на општината,училиштата и полицискиот оддел за превенција , се одржа денес во кругот на кичевските средни училишта.
Учениците со многуте пароли поставени во кругот на најголемиот училишен центар во земјава порачаа, да нема насилства во нивните училишта.
На учениците и присутните гости најпрво им се обратија координаторот на проектот од ЕЛС Кичево Дејан Илијоски,директорите на двете средни училишта во Кичево Неби Биљали и Благоја Стојаноски , Вишиот инспектор за превенција, Гоце Јованоски.
-Превентивната работа отсекогаш била врвен приоритет во делувањето на полицијата а во овие наши активности посебно се вклопува и овој проект подржан од ОБСЕ.Полицијата несмее да остане сама во остварувањето на безбедносната функција, тоа ќе мора да го правиме сите заедно,со цел за идентификација на проблемите и нивно трајно решавање-рече Јованоски.
Зоран Антоски