Пари за огрев имало, ама само за албанските училишта?

Вработен во Македонски шуми посочува дека во четвртокот била извршена последната нарачка на огревно дрво наменета за училиштата во селата каде наставата се одвива на Албански наставен јазик. Извршени биле вкупно 11 нарачки на дрва, а секој камион чини по 500 евра.

– Работам во Македонски шуми и вчера беше извршена последната нарачка на дрва во околните села кои имаат основни училишта и наставата се следи на Албански јазик бидејќи таму учат Албанци. Како тоа градоначалникот има пари да испорача дрва за огрев во тие училишта земајќи во предвид дека еден камион дрва чини 500 евра, а се однесоа вкупно 11 камиони. За нив има пари да се плати огрев, а за овие две училишта каде наставата е на македонски јазик нема ни денар. Очигледно е дека се прави поделба по етничка припадност – вели вработениот во Македонски шуми.

Иако проблемот со губењето на наставата основните училишта „Кузман Јосифоски – Питу“ и „Владимир Полежиноски“ трае повеќе од една недела, од општината нема конкретен одговор како ќе се разреши целата ситуација. Министерството за образование префрлило средства за греење, но наместо за таа намена, општината ги пренаменила за плати на нововработени во други училишта.

Поради тоа, во понеделник во 10 часот родителите на учениците од овие две училишта ќе излезат на протест пред општината.