Годинешниот војвода на „Патот на Црешовото топче 2013“, ќе биде соопштен при давањето на заклетвата

Како и претходната година така и годинава, војводата на Илинденскиот марш „Патот на Црешовото топче-2013“, ќе биде одреден пред почетокот на тргнување на маршот а ќе го одреди повеќечлен одбор и ќе биде соопштено при давањето на комитска заклетва.

Своите импресии од лани ни ги долови војводата Станоја Станојоски, кој минатата година беше предводник на коњаницата на патот на Црешовото топче од Бигорскиот Манастир до славното Крушево.

-Здружението Бигорски Манастир патот на Црешовото топче  2012 ,беше едно незаборавно доживување за мене, кога те исполнува илинденскиот дух на комитите и војводите, и можам со сигурност да ви потврдам дека по целиот пат имав чувство како да сум дел од нив. Најголемото  доживување ми беше кога во манастирот Св.Јован Бигорски, Архимандритот Партениј на сите коњаници  ни даде благослов а надвојводата  Мане Јаковлески ме назначи за војвода на коњаницата. При самото пристигнување во Крушево имав чувство како да сум во 1903 година а тоа треба да се доживее бидејќи не може да се опише со зборови. Ова здружение добива се поголем публицитет и прераснува во сериозно здружение  кое ги негува традициите на македонците од пред еден век и подалеку во историјата-рече Станоја Станојоски, минатогодишниот војвода и годинава дел од илинденскиот марш Патот на Црешовото топче 2013.

Зоран Антоски