Педалајте за здравје и дружење

Во недела Велосипедскиот Клуб ”Спидбајк” од Кичево и Велосипедска Федерација на Македонијa организираат МТБ трка на Крушино. Во повеќе наврати сме ги следеле и пишувале за ваквите активности и мора да се каже дека се едни од најдобрите работи кои се случуваат, како во Кичево, така и во Република Македонија.

Здравиот начин на живот, дружењето и новите искуства се она што го прават велосипедизмот посебен. Овој спорт кај нас ангажира се’ повеќе луѓе. Возењето и на сонце и на дожд и на снег, гледање на светот од две тркала.

Користете го, како слободното време, така и настаните кои се организираат за велосипедисти. Најблиску е трката задутре во Крушино. Се што ви треба е велосипед и добра воља. Бидете таму!