Педофил од Кичево сексуално злоставил малолетно девојче

49 годишен кичевчанец во средата наутро сексуално нападнал малолетно девојче. Против Н.М. кичевската полиција поднела кривична пријава за полов напад врз малолетник кој не наполнил 1 години, а одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Според МВР, тоа утро околу 8.30, Н.М. го намамил девојчето, кое му било сосетка, во неговиот дом, по што и ја залепил устата со самолеплива лента и почнал да ја допира и бакнува.

 

СВР Охрид потврдува дека против Н.М. и досега биле поднесувани пријави за кражби, а лежел и затвор.