Педофил од кичевско бил осуден на смрт

Категории: Кичево, Слајдер

48-годишниот Маље Зекири, повратник од Белгија, родум од Зајас, жител на селото Долна Вида (БиХ), бил осуден на најтешката казна – осуден на смрт со стрелање. Казната ја изрекол Окружниот Суд во Скопје на 3-ти февруари 1987 година. Оваа приказна ја следел дневниот весник Вечер.

Зекири извршил полов напад врз својата 15 годишна ќерка Беглија, а потоа со најлонско јаже, коешто го носел во џебот, ја задушил правејќи јамка околу вратот. Со цел да го прикрие злосторството, ја собрал нејзината облека и ја ставил врз веќе мртвата ќерка и ја запалил со надеж дека телото ќе изгори.

Лешот го пронашол овчар по неколку дена по што веднаш пријавил во полиција. Зекири го признал делото, а вештаците од Судска медицина потврдиле дека таткото-монструм во моментот на извршувањето на делото бил во свесна состојба. Обдукцијата на лешот покажала дека пред да ја убие, Зекири ја силувал својата малолетна ќерка Беглија.

Претходно, на 17 декември 1970 година, Маље Зекири бил осуден на 15-годишна казна затвор поради убиство и два обиди за убиство. Одлежал 12,5 години по што бил пуштен на слобода. После 4 години го извршил монструозниот чин за кој е осуден и стрелан.

Изрекување на смртна казна за ваков случај не била прв пат во бивша Југославија. Но оваа била единствената која била извршена – пишува Вечер.

По осамостојувањето на Република Македонија направени се измени во Кривичниот закон и смртната казна е укината. Пред неколку години македонското Министерство за Труд и социјална политика јавно, на веб страна, ги објави имињата на педофилите и нивното живеалиште  со цел да се заштитат децата. Секој корисник кој пристапуваше на веб страната беше обврзан да се согласи дека податоците нема да ги злоупотребува во насока на закани по безбедноста на педофилите. И покрај тоа, Уставниот суд по иницијатива поднесена од 5 педофили изгласа да се забрани јавно истакнување на имињата на педофилите. Одлуката на судот беше пречекана со голема огорченост од домашната јавност.

Педофилијата е психичко пореметување кое се карактеризира со сексуален интерес за деца во предпубертетска возраст. Педофилијата не е болест и неможе да се излечи. Како еден од начините за превенција, некои земји ја применуваат кастрацијата.

Кичево беше потресено од сличен снастан, пред 2 години кога, тогаш 27 годишен маж, трипати во извршил полов напад врз 14-годишно девојче.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,