Пет намирници со негативни калории

Категории: Магазин

Постојат намирници кои содржат помалку калории од што се потребни за нивно варење, па јадејќи таква храна всушност губиме на тежина. Посебноста на храната со негативни калории е тоа што содржи голема количина на вода. Ова се листата на зачини и намирници кои може да ге конзумираат во неограничени количини и притоа да се губат килограми.

Храна која троши енергија

Храна со негативни калории не е храна без калории, т.е. таа исто така содржи калории, но додека ја јадеш истовремено согоруваш повеќе енергија од што внесуваш. Посебноста на храната со негативни калории е тоа што содржи голема количина на вода во влакнестите делови, а што повеќе вода конзумираш во храната, побрзо ќе имаш чувство на ситост и ќе престанеш да јадеш.

Намирниците со негативни калории имаат низок гликемиски индекс кој не го зголемува нивото на шеќерот во крвата и спречува таложење на масни наслаги.

Намирниците со негативни калории го поттикнуваат метаболизмот на побрзо согорување на мастите, го контролираат апетитот намалувајќи го чувството на глад, го отстрануваат вишокот на вода од телото, го стабилизираат нивото на шеќерот во крвта, го забрзуваат варењето и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. За да изгубиш повеќе килограми, се препорачува да се конзумираат најмалку од 2 до 3 килограм намирници со негативни калории дневно. Се препорачува конзумирање на цели намирници, а не сок, а најдобар ефект е ако намирниците се од органско потекло. Исто така, најдобар ефект на телото имаат суровите намирници.

Ако намирниците со негативни калории ги комбинираш со тие со празни калории како брза храна, ќе го поништиш нивниот ефект, но ако правилно ги подготвуваш можеш без чувство на вина да ги јадеш како вкусни грицки, т.е. можеш да ги конзумираш во неограничени количини без страв од добивање на вишок килограми. Некои од зачините кои имаат негативни калории се анисот, кајенски пипер, чили, цимет, клинчиќ, коријандер, копар, ленено семе, лук, ѓумбир и магодонос. Дознај кои топ 5 намирници содржат негативни калории:

5 намирници со негативни калории

Целер – Со 14 кcal на 100 грама свежи намирници, целерот е шампион во групата на нискокалоричен зеленчук па можеш да го конзумираш во неограничени количини. Поради единствената содржина на калиум и натриум, целерот има диуретички својства. Поради восоката содржина на етерични масла и терпен, делува антибактериски и антимикотично во слузницата на цревата и мочните патишта. Дознај повеќе за својствата на целерот.

Домати – Домат со средна големина има само 22 калории, а содржи ликопен, антиоксиданс кој ретко се наоѓа во други намирници, голема количина на калиум, влакна и витамин Ц. Доматите содржат многу вода и така спречуваат глад.
Богати се со калиум со што ја балансираат солената прехрана, но калиумот може да помогне во спречување на подуваност.

Грејпфрут – Грејпфрутот содржи ензими за кои се смета дека го поттикнуваат процесот на варење и процесот на разградба на мастите. Одличен е извор на витамин Ц и добар извор на витамин А. Овие два витамини го поттикнуваат имунолошкиот систем и пружаат антиоксиодативна заштита. Исто така, грејпот е добар извор на пантотенска киселина витамин Б5, кој има клучна улога во производство на енергија. Освен што е богат со нутриенти и одличен на вкус, грејпфрутот е сиромашен со калории: половина грејп има само 40 калории.

Краставица – Една краставици содржи само 14 калории па е одличен избор за здраво слабеење. Помага во регулирање на протокот на урина и елиминација на мокраќната киселина. Ја зголемува водената и влакнестата содржина, а воедно ја намалува телесната температура и ги намалува воспаленијата. Богата е со хранливи материи, има малку калории и многу заситува. Високиот удел на вода ја прави природно средство за хидратација.

Црвен кромид – Еден филџан црвен кромид има само 64 калории и има висок удел на кверцетин, силен антиоксидант. Се состои од многу вода и прехранбени влакна, а со тоа го забрзува метаболизмот, а исто така го намалува зголеменото ниво на холестерол.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,