Правниот факултет од Кичево бара наставник и асистент

Категории: Кичево, Слајдер

Правниот факултет од Кичево вработува асистент и наставник на определено време. Наставникот ќе биде ангажиран во научната област „Криминологија”, додека асистентот – докторант од научната област: „Казнено право”. Правниот факултет со нив ќе склучи договор за ангажирање во рок од 5 години.

Кандидатите покрај општите услови предвидени со Законот за работните односи, треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование условите предвидени во општите акти на Универзитетот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно- научни, наставни, научни, наставно- стручни и соработнички звања на Универзитетот „Св. Климент Охридски”- Битола.

Почетокот, завршетокот и распоредот на работното време и паричниот износ на основната плата за наставник (во бруто износ: 52. 000, оо денари) и за асистент- докторант (во бруто износ: 40. 000, оо денари) се променливи и се определуваат во согласност со актите на Факултетот според распоредот на наставата во семестарот, ангажираноста и звањето во кое е избран наставникот и асистентот- докторант. Кон Пријавата за Конкурсот кандидатите задолжително треба да поднесат:

– Кратка биографија (во три примероци);

– Диплома за завршено образование, во оригинал или копија заверена кај нотар;

– Листа од научни трудови објавени во публикации и по три примероци од трудовите (за кандидатите од глава I); потврда за познавање на странски јазик и тоа (TOEFEL)

– најмалку 74 бода за електронско полагање преку компјугер не постар од две години од денот на издавањето, (IELTS)

-најмалку 6 бода не постар од две години од денот на издавањето, (TOLES) – базично познавање (Foundational level),

– (ILEC) положен со успех најмалку Б2 (В2) и Кембриџ сертификат за прелиминарен англиски (Cambidge Certificate of Preliminary English)- (В1) – (за кандидатите за Асистент- докторант);

– Извод од матична книга на родените;

– Уверение задржавјанство.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на конкурсот (објавен е во Утрински весник на 12 ноември), лично или преку пошта на адреса: Правен факултет- Кичево, на ул. „Рудничка” бб, со назнака: „За конкурсната комисија на Правниот факултет- Кичево” Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се земат на разгледување.

Огласот трае до 19 ноември.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,