Пипан: Одигравме фантастично, пожтвувано, фокусирано

Категории: Спорт

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан не го криеше своето задоволство по големата победа над српскиот национален состав.

– Играчите ги заслужуваат сите честитки поради тоа што одиграа навистина одлично. Фантастично во одбрана, дисциплинирано во напад, пожртвувано и фокусирано. Испочитуваа се што се договоривме, одиграа најдобро кога најмногу требаше, одлично се справија со противниците на секој дел од теренот. Ако вака продолжиме, сигурно ќе имаме уште многу причини за радост, изјави Пипан веднаш по натпреварот со Србија.

Истовремено тој ги повика своите избраници да не се опуштаат пред последните две средби во групата.

– Имаме ден одмор кој добро ќе ни дојде. Многу е важно да останеме цврсто на земја, затоа што оваа денешна победа ќе нема никаква вредност доколку не успееме да се пласираме во втората рунда. Не очекуваат Босна и Херцеговина и Летонија, две квалитетни екипи кои и натаму се во игра за пласман во следна фаза, па знаеме дека ќе мораме максимално сериозно да им пристапиме на тие две средби. Но јас верувам во моите момци и не гледам причина зошто не би можеле да ја повториме оваа игра и во наредните натпревари, додаде македонскиот селектор.

Пипан ги пофали македонските навивачи кои синоќа во текот на целиот натпревар и даваа голема поддршката на репрезентацијата.

– Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи кои ни дадоа огромна и исклучително важна поддршка на овој натпревар. Направија атмосфера коај заслужува само пофалби и мене навистина ми беше жал што не можевме во првите два дена да им се заблагодариме со победа, но верувам дека ќе можеме да ги израдуваме и во наредните денови, рече Словенецот на клупата на Македонија.

Македонија синоќа во 3.коло од ЕП дојде до првата победа совладувајќи ја Србија со 89:75.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,