ФОТО: Спектакуларно отворање на Пиво фест и нов рекорд!

Спектакуларно почна 11-ти по ред Пиво Фест во Прилеп. На отворањето присуствуваа повеќе од 100 000 луѓе и од Македонија и од странство. Куриозитет е што за овој настан доаѓаат и луѓе од прекуокеанските земји кои немаат Македонско потекло, но се мераклии на пивото и македонската скара.

Штандовите на пиварниците се поставени во центарот, на булеварот „Гоце Делчев“. На 4.000 метри квадратни се поставени 28 штандови. Овие четири фестивалски дена се дегустираат 20-ина видови пиво, се јаде вкусна скара.

– Секоја вечер очекуваме барем по 100 – ина илјади гости. Организирани сме со околу 10.000 паркинзи, ќе има вонредни линии возови кои ќе сообраќаат на релација Куманово- Скопје-Прилеп, а на Паркот на револуцијата е оспособен кампинг простор и на сите гости ќе им се нуди бесплатен чај, кафе и чорба – истакна пред почетокот на фестивалот градоначалникот на Прилеп, Маријан Ристески

Добриот глас надалеку се слуша, а фстивалот на пивото стана препознатлив настан кој вреди да се посети. Кичевчани, Прилеп му е мајката за викендов! Убаво поминете!

На наплатната рампа кај Велес се чекаше по 10 минути. Колони од автомобили се движеа накај Прилеп. Голем дел од нив со странски таблички.