Филмот Play Off од вечерва во кичевското кино

Категории: Кичево, Слајдер

Вечерва и во четврток во кичевското кино ќе се проектира филмот Play Off.

Филмот е вистинска приказна за израелскиот тренер Ралф Клајн кој го носи тимот на Макаби од Тел Авив во европската кошаркарска елита кон крајот на седумдесеттите. Со тоа станува национале херој на Израел. Но, набрго потоа, со иста брзина станува речиси национален предавник кога одлучува да стане тренер на еден безнадежен кошаркарски клуб од Западна Германија…

Режисер на филмот е Еркан Риклис, а главните улоги ги толкуваат Дени Хјустон, Амра Касар и Марк Вашке.

Почетокот на проекциите е во 20 часот (во вторник и четврток). Влезот е 50 денари, а билетите можат да се купат 2 часа пред проекцијата на филмот на билетарата на НУЦК „Кочо Рацин“.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,