По 11 часа игра прв домашен гол на Напредок

По дури 11 часа игра Напредок ја затересе противничката мрежа пред своите гледачи и стана сопственик на еден неславен рекорд. Вториот неславен рекорд се однесува на фактот што во дури осмиот првенствен натпревар Напредок ја извојува првата домашна победа.

Голгетерската суша на сино- белите ја прекина Дејан Цветаноски во 56 минута, кога со својот гол првенец оваа полусезона го откри резултатот . Голот на Деки беше мало ремек дело , но сите можат да жалат што по бриљантната есен, Напредок се доведе во ситуација на последниот натпревар во Битола да ја бара шансата за директен опстанок во лигата. Трета карактеристика поврзана со дуелот од средата е таа што Напредок двете единствени пролетни победи ги извојува токму над штипските сини.

-Презадоволен сум што со мојот прв пролетен гол со кој ја прекинавме домашната суша, но ми е многу криво што промашивме многу прилики во оваа полусезона, за да имаме повеќе бодови и да не мораме својата судбина да ја решаваме во последното првенствено коло или можеби преку дополнителен бараж натпревар-рече Дејан Цветаноски.

Може  на крај да се испостави дека против Брегалница, Напредок да оствари„ Пирова победа”.

Зоран Антоски