По осум години градоначалник, стана советник

Категории: Кичево

По осум успешни години поминати на чело на денес непостоечката Општина Вранештица, Ванчо Србакоски, градоначалничката функција ја замени со советничката функција,сега и како координатор на македонскиот блок партии во 23 члениот Совет на новата Општина Кичевo.

-На овој начин не сметам дека сум девалвиран, напротив почестен сум со функцијата која ја извршувам во советот и која ќе ја извршувам во наредните 4 години, во денес реорганизираната Општина Кичево. Со моето претходно искуство во водење на една локална самоуправа, во голема мера ќе и помогнам на мојата советничка група да биде на нивото, кое од нас го очекуваат граѓаните на Кичево.Токму  ние како нивен избор  ќе се трудиме да ги штитиме граѓанските интереси. Советничкиот состав е релативно млад, а моето искуство ќе биде добредојдено за успешно функционирање на истиот-рече Ванчо Србакоски.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,