Тешка победа на Македонија на стартот на СП во ракомет

Категории: Слајдер, Спорт

Македонската ракометна репрезентација го совлада Чиле со 30:28. Целта е остварена, забележана е првата победа во првиот меч на СП во Шпанија, но сепак овој резултат воопшто не треба да не залажува дека ракометарите одиграа на своето ниво.

Напротив, оваа партија беше под нивите можности, имаше грешки во нападот и одбраната, а особено лош меч прикажа Наумче Мојсовски кој имаше повеќе грешки отколку што постигна голови.

Почетокот на мечот и припадна на нашата селекција која поведе со 3:1, а потоа и со 4:2. Сепак, Чиле во продолжението направи серија од 5:0 и во 13-тата минута резултатот беше во корист на противникот 7:4.

Македонија во 20-тата минута успеа да се совземе и да се врати резултатски израмнувајќи на 8:8. Нашите ракометари потоа заиграа поцврсто па на полувремето се замина со два гола предност 12:10.

Во воведните неколку минути од вториот дел нашите ракометари покажаа дека се за една класа подобри од противникот. Сепак, како одминуваше времето, паѓаше нивото на играта на нашата репрезентација, па Чиле се држеше на два до три гола негатива. За наша среќа противникот не беше толку квалитетен целосно да ја загрози нашата победа.

На крајот Македонија победи со 30:28, но впечатокот од лоша одиграна партија останува. Ваква игра и вакви грешки не смеат да се дозволат против посилен противник.

Инаку најефикасен во нашиот табор беше Лазаров со 8 постигнати голови, од кои 5 од седум метри.

Утре, со почеток во 18:00 часот Македонија го игра вториот меч на СП во Шпанија, а противник ќе биде селекцијата на Катар.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,