Македонија оди во осминафинале!

Категории: Слајдер, Спорт

Македонските ракометари вчеравечер  ја забележаа и втората победа на СП во ракомет во Севиља. Совладан е Катар.

Во фантастично прво полувреме и игра на нерви во вториот дел, на крајот победа на Македонија во дуелот со Катар со 34:30. Целта е исполнета, забележана е и втората победа на вториот меч на СП во Шпанија.

Со победата против Катар, Македонија практично е во осминафиналето со оглед на тоа дека четири селекции од групата ги продолжуваат натпреварите, па треба да се случи само некакво чудо да не завршиме на некоја од овие позиции.

Првото полувреме нашите ракометари го одиграа перфектно, а најдобар показател за тоа е податокот дека до 15-тата минута реализацијата на нападите беше 100 проценти успешна. Првиот дел заврши со 21:13 во наша корист, а во вториот дел имаше опуштање и неколку направени грешки кои противникот ги искористи за намалување на негативата.
Сепак, во клучен момент, во последните десет минути од мечот Борко Ристовски се врати на нашиот гол и кога беше најпотребно забележа неколку успешни интервенции. На крајот нашиот голман мечот го заврши со 11 одбрани, Кире Лазаров беше најдобар играч на мечот и воедно најдобар стрелец со 9 погодоци, а Македонија славеше со 34:30.

Дејан Манасков и Наумче Мојсовски постигнаа по шест голови кои заедно со Лазаров беа најефикасните во нашиот табор.

Следниот меч Македонија го игра против Исланд во вторник, а утрешниот слободен ден треба максимално да се искористи за остранување на сите недостатоци во нашата игра кои се појавија на мечевите со Катар и Чиле, бидејќи сега следуваат дуелите со силните европски селекции.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,