Почина владиката Кирил

Категории: Македонија, Слајдер

На 79-годишна возраст ноќеска, по кратко боледување, почина митрополитот Полошко – кумановски господин Кирил.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква денеска во 14 часот во Македонската архиепископија ќе одржи вонредна седница.

Информации за неговиот погреб ќе бидат дополнително објавени.

Владиката Кирил е роден на 23 јуни 1934 година во селото Царев Двор, Преспанско. Средно богословско училиште завршил во Призрен. Во 1964 година се замонашил во манастирот Свети Причеста во Кичево. Студирал на Московската духовна академија на Руската православна црква во Загорск каде завршил прв степен на студиите. Со недовршен факултет две години потоа бил повикан во Македонија.

Во 1967 година во соборниот храм “Свети Димитриј” во Скопје, бил хиротонисан во епископски чин. Раководел извесен период со Австралиската и со Американско-канадската епархија. Во 1987 година бил назначен за Полошко-кумановски митрополит.

Коавтор е на монографијата “Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим”, Скопје, 1979 година.

По упокојувањето на Архиепископот Доситеј, од 22 мај до 19 август 1981 година, до изборот на новиот поглавар Архиепископот Ангелариј времено ја извршувал должноста на архиепископскиот трон.

Прогласен е за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во САД и во Канада и во неколку града во Австралија. Добитник е на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,