Потврдено: Починатата е исчезнатата Валери

Како што пренесува Курир, пронајдениот женски труп кој вчера беше откриен во близина на Кичево е жената која исчезна на 25 јули.

Починатата ја идентификувал нејзиниот сопруг кој потврдил дека предметите се нејзини. Според Курир, починатата сама си го одзела животот, но треба да се почекаат резултатите од обдукцијата на телото која треба да се изврши денес.