Теренот на ФК Напредок ќе биде целосно подготвен за дуелот со Металург

Категории: Спорт

Не треба да постои дилема дека снегот навремено ќе биде исчистен од нашиот терен. Обврската целосно ќе ја завршиме во предвидениот рок. Дополнителни проблеми може да ни создадат само нови врнежи од снег, кои се најавуваат за викендот, рече Илија Китаноски, претседателот на кичевскиот фудбалски прволигаш Напредок, во пресрет на одложениот меч со Металург од последното есенско коло, в недела.

Поради проблемите со снегот и со мразот, на 9 декември не беше одигран последниот првенствен натпревар есенва во Кичево помеѓу Напредок и Металург. Комесарот за натпревари при ФФМ, Васко Дојчиноски, ја одреди недела како нов термин за одигрување на одложениот натпревар. Но, наместо да се подобри временската ситуација, како што се најавуваше, наврнаа нови количества снег, така што во моментов на стадионот во Кичево има над 60 сантиметри бела покривка.

– Во секој случај, ние ќе сториме сѐ што е во наша можност мечот в недела да се одигра во што понормални услови. Дополнителен проблем за нас претставува што дури четворица наши фудбалери се наоѓаат со репрезентацијата во Анталија, и по враќањето во земјава без вистинска аклиматизација и одмор ќе мора да го одиграат натпреварот со Металург – вели Китаноски.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,