Поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за намалување на цената на бензините.

Рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,32 % . Малопродажните цени на нафтените деривати  согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат  во просек за 1,01%.

Тоа значи дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50  ден/лит.

Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00  ден/лит и ќе изнесува 71,00 ден/лит.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) намалена за 0,50  ден/лит, изнесува 60,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,515 ден/кг и ќе изнесува  42,524 ден/кг.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)