Бензините и дизелот поевтинуваат за два денара по литар

Цените на бензините и на дизел горивото од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,39, односно за 2,66 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и сега ќе чини 57,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,078 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 39,457 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопордажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат, за 2,3 отсто повисоката  просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,09 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)