Поевтинуваат горивата

Бензините од полноќ поевтинуваат за 2 денари, а дизел горивата за 1 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 88 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе се продава за 73,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 62 денари за литар.

Со оваа одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 %, односно за 1,87 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)