Погребани убиените дечиња во христијанскиот кварт во Дамаск

Категории: Свет, Слајдер

Девет деца беа убиени на 11 ноември во христијанскиот кварт во Дамаск. Војната во христијанскиот кварт на сирискиот главен град се одразува на новите цркви и училишта. Како резултат на акцијата на бунтовниците, на 11 ноември беа повредени 43 лица, од кои повеќето се деца, известува информациониот портал Salam 1, повикувајќи се на веста од агенцијата „Сириска вистина“.

Нападот на христијанските квартови беше инициран од членови на вахабистичката радикална група „Џаиш ал-Ислам“ (исламска армија), на чие чело стои саудискиот агент Захран Аллуш. Претходниот ден кај цивилното население имаше 43 жртви. Првата цел на „Џаиш“ беше училиштето „Св. Јован Дамаскин“ во областа ал – Каса, каде исламистите убија пет деца и ранија 27 лица.

Исто така проектилот го зафати и училишниот автобус на христијанското  училиште „ар – Рисалат“ непосредно во моментот на неговото запирање пред училишната зграда, лоцирана во квартот ал – Баб аш – Шарки. Четворица ученици Нирфана Илијас, Тала Илијас, Илија Илијас, Петар Илијас, и таткото што ги водеше Георгиј Илијас, а останатите претрпеа сериозни повреди. Информацијата за нападите беше потврдена од раководителот на Одделот за образование на градот Дамаск, др. Мухаммад Мардини.

Истовремено од истите радикални сили на „Џеиш“ беше стрелано во црквите на „Чесниот Крст“ и на „Св. Кирил“, како и во повеќе домови во реонот ал – Каса во Дамаск. Поднесени се извештаи за повредени.

Во тесна врска со конкретната ситуација во земјата, своја изјава даде секретарот на Антиохискиот патријарх митрополит Лука (ал – Хури), којшто го осуди овој вандализам и насилство против цивилното население. „Ние излеговме од корените на оваа земја и никаде не знаевме за таква безбедност, како овде во Сирија, нашата земја; тоа е земја свештена и благословена и затоа сме спремни да ја искупиме со својата крв и своите животи“ – резимираше ерархот.

Напомнуваме дека од летото оваа година таканаречените бунтовници ‘опозиција‘ во повеќе наврати се обидуваа да отворат оган на христијанските квартови во градот, чии жители според мислењето на такфиристите ‘заслужуваат колективна казна‘. Често пати се поставуваат коли – бомби во областите претежно населени со христијанско население.

Извор: www.bigorski.org.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,