Американскиот амбасадор Пол Волерс во посета на Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Американскиот амбасадор во Република Македонија, Пол Волерс, вчера  престојуваше во Кичево, при што имаше издвоени средби со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари и со претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево, Ѓорѓија Сајкоски. Целта на посетата на амбасадорот Волерс беше да на лице место се увери како тече реорганизацијата на новата општина Кичево по спојувањето на петте општини од регионот.

На новинарско прашање каква беше неговата денешна агенда, амбасадорот Волерс рече:

-Нашиот престој во Кичево е со цел да придонесеме интеграцијата на процесот на новата општина да тече што побрзо и побезболно. Ние сме оптимисти и се надеваме дека и меѓунационалните односи ќе бидат онакви какви што посакуваме, а и економскиот развој ќе оди по нагорна линија.

По состанокот со  претседателот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, првиот човек на кичевскиот огранок на оваа партија потсети:

-Посетата на американскиот амбасадор беше поттикната од потребата да добие поцелосна информација како се развива имплементацијата на реорганизираната општина Кичево. Околу  отпуштањата од работа американскиот дипломат посочи дека во општинската администрација треба да работат квалификувани и одговорни луѓе и да биде помалку важна партиската или етничката припадност, и тоа да биде концептот за идниот развој на општината.
Му посочивме на амбасадорот дека нашата општина обилува со големи природни богатства, кои можат да бидат темел на идниот развој на новата општина Кичево.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,