Од утре и учениците од ОУ „Др. Владимир Полежиноски“ не одат на настава

Категории: Актуелни теми, Кичево, Слајдер

Од утре и децата од ОУ „ Др. Владимир Полежиноски“ нема да посетуваат настава. Причината е иста како и во ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, нема греење и дечињата се смрзнуваат.

Ваквата одлука ја донеле родителите. Во училиштето воопшто не се пушта парно греење. Не се знае кога ќе продолжи наставата, нити кога ќе биде решен проблемот. Решение нема на повидок, а учениците губат настава, која сега ќе треба да ја одработуваат за време на викендите.

Според законот за децентрализација од 2004 година, надлежностите за услужување на училиштата, меѓу кои и набавката на средства за огрев, го имаат општините.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,