Голема полициска акција и на територијата на Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Во полициска акција во западна Македонија, која се уште тече, досега се лишени од слобода 15–тина лица, од кои неколку полициски службеници, а двајца од нив командири, кои нелегално криумчареле добиток од Македонија за Албанија.

Како што информира денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски лицата се приведени на подрачјето на Дебар, Струга и Кичево, а се работи за подолгорочна истрага за криминал кој бил вршен од 2011 година наваму.

– Досега МВР има документирано околу 2.000 грла кои што биле незакноски изнесени од Македонија и внесени во Албанија. Се претпоставува дека лицата оствариле противправна имотна корист од неколку милиони евра, изјави Котевски, додавајќи оти се трага и по други лица за кои постои докази дека биле членови на оваа група.

Тој појасни дека станува збор за поголема група лица, составена и од македонски и од албански државјани.

Извршени се претреси во повеќе домови, при што се пронајдени пари, оружје и муниција.

Повеќе информации од МВР за акцијата најавија за утре на прес – конференција.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,