Помор на риби во Велика Река (Треска)

Категории: Актуелни теми, Кичево, Слајдер

Огромна количина на речна пастрмка Salmo Macedonicus деновиве угина во водите на Велика Река (Треска). Според процените настрадале над 5 тони риба. За жал, голем број од угинатите единки се матици кои биле спремни за мрест. Загадувањето е веројатно последица на испуштање на големи количини фекални води во речното корито.

Фотографиите се направени кај месноста Бучал во село Староец. Мртви риби се забележани во Бигор Доленци, Лисичани и Челопеци, но претпоставка е дека загадениот појас е многу поголем. Според кажувања, мирисот од угинатата риба бил невообичаено силен и непријатен.

За жал, уште еднаш поради човечкиот фактор дозволивме да се случи катастрофа во кичевските реки. Крајно време е сериозно да се пристапи кон решение на овој долгогодишен проблем кој доведе до исчезнување на целиот животински и растителен свет од некои кичевски реки. Да не се дозволи уништување на рибниот фонт. Во спротивно оваа благородна риба ќе ја гледаме само на црно-белите фотографии.

Речната пастрмка Salmo Macedonicus е автохтон вид кој живее само во нашите реки. Рибата претставува важна алка во синџирот на исхрана во овие реки.

Постарите кичевчани сеуште ги памтат убавите времиња кога реките биле полни со риба, ловот со трски богат, исто и трпезата. Реките се чувале, постоеле и риболовни друштва. Погорната слика е потсетник на тие времиња.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,