Денес се отвораат понудите за рудникот Тајмиште

Категории: Кичево

По откажувањето на турската компанија „Курум Холдинг“ од концесионерството на рудникот за железо Тајмиште денеска се отвораат доспеаните понуди на новиот јавен повик што беше објавен на 26 октомври годинава.

Јавниот повик  траеше до  5 декември, за кога е закажано отворање на доспеаните понуди, по што ќе се  добие идниот концесионер за најголемиот рудник за железо Тајмиште.

Во истиот термин (26 октомври) беше објавен јавен повик  за концесија и на рудникот за манган Стогово.

И во двата случаи концесионерот има единствена обврска во оптимален рок да ги рестартира рудниците, со право да врши експлоатација на руда во наредните 30 години. Со можност за продолжување на концесијата  за уште толкав период.

Ако се остварат очекувањата во двата рудника се очекува да се вработат помеѓу 500 и 700 работници.

Неофицијално дознаваме дека тендерска документација за рудникот Тајмиште подигнале компании од Канада, Италија и Норвешка.

Зоран Антоски
Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,