Поплавени пониските населби во Кичево

Дождот што непрекинато врнеше цел ден, уште толку им го загорчи животот на граѓаните во пониските делови на Кичево.

-Остануваме по цел ден во подрумите за да ги испразниме од надојдената вода. Ние ја исфламе водата, но што вреди, кога тие повторно се полнат од подземните води и така се вртиме во круг – се жалат жителите од населбата Подварош.

Новите дождови не дозволуваат да се исцедат поплавените ниви крај реката Треска, водата и милта го упропастија и безтоа малиот род на нивите, а ја оневозможуваат и подготовката за пролетната сеидба.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)