Од кичевскиот прволигаш со порака до Чеде Јаневски

Категории: Слајдер, Спорт

„Селекторе свртисе кон Напредок и таму има нешто за тебе”

Во последно време често слушаме и читаме како селекторот Чедомир Јаневски ги следи прволигашките натпревари и дека на неговиот список се наоѓаат имиња на повеќе фудбалери од водечките екипи во лигата Вардар,Турново,Шкендија, но на тој список нема ниту едно име од хитот на есента кичевски Напредок, барем засега?!

А есенва во сино-белиот дрес бриљираат идејниот творец на сите креации Ристе Маркоски,столбот во одбраната Куштрим Балажи,недофатливиот во нападот Дејан Цветаноски, но и други фудбалери кои заслужуваат внимание од новиот македонски селектор. Овие забелешки ги потенцираат и челниците на Напредок, кои сметаат дека во нивниот клуб имаат фудбалери кои го заслужуваат дресот со најдрагите бои .

-Кичево е фудбалски град и живее за фудбалот и успесите на македонскиот национален тим. Затоа очекуваме селектор Чедомир Јаневски да обрне  доволно внимание и на нашиот клуб, на  фудбалерите на Напредок, кои со своите игри и квалитет го заслужуваат националниот дрес. Нашите резултати се плод на евидентниот квалитет на фудбалерите, кои речиси се рамо до рамо со македонските интернацииналци , им треба само малку поголемо искуство од силни натпревари ,за да бидат стожерни фигури и во националната селекција.Уште еднаш му порачуваме на селекторот Јаневски „Селекторе сврти се кон Напредок и таму има нешто за тебе”-порача Илија Божиноски, претседателот на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,