Поразителни факти за кичевскта депонија

Категории: Кичево, Слајдер

Кичевската депонија е проблем кој повеќе од една деценија ги мачи граѓаните на Кичево. Депонијата е квалификувана како една од петте со висок ризик по здравјето на луѓето.

Депонијата се наоѓа на само 200 метри од почетокот на градот. Количината на шутот е над 2500 метри кубни. Не запазува ниту еден стандард за депонии, па истата може повеќе да се нарече ѓубриште, наместо депонија. Со ѓубре се загадени повеќе од 2 хектари и истото покрај тоа што ја загадува почвата и површинските води, постои реална опасност да се контаминираат и подземните води. Дебелината на депонијата е скоро 3 метри и се простира 700 метри по течението на Темница. Од депонијата се шири непријатен мирис кој се чувствува низ целиот град. Депонијата е причина за исчезнувањето на животинскиот и растителниот свет во Темница и понатаму во Велика Река.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,