Порибување на Треска со 5000 парчиња речна пастрмка

Здружението на риболовци „Треска“ од Кичево денеска, ќе изврши порибување на реката Треска со повеќе од 5000 парчиња рибен подмладок речна пастрмкa.

– Со околу 50 килограми рибен подмладок речна пастрмка, ќе го порибиме горниот тек на реката Треска и сливот на Беличка Река.Порибувањето ќе биде извршено на повеќе локации, а подмладокот е обезбеден од рибникот Шум во Струга. Средствата за ова порибување ги обезбедија Здружението на спортски риболовци од Кичево, ЈП „Студенчица“ и ЕЛС Кичево. Ова е второ порибување  на река Треска оваа година. Пролетоска во реката пуштивме околу  5000 парчиња рибен подмладок речна пастрмка-рече Кристијан Попоски, претседател на Здружението на спортски риболовци „Треска“ од Кичево.

Со овие порибувања ќе се надополни рибниот фонд во реката, по масовниот помор на риба што се случи на почетокот на месец септември.

Зоран Антоски
Извор: Нова Македонија