Од полноќ за поскапуваат бензините

За еден денар од денеска на полноќ поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 82 денари,  а еуросупер БС-98  за 83,50 денари.

Новата цена на еуродизелот (Д-Е V) ќе изнесува 70,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 59 денари.

Поскапува и мазутот М-1 НС за 0,193 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за  41,603 денари.

Регулаторот, како што соопшти,  ја донесе одлуката за зголемување на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и како резултат на  курсот на денарот во однос на доларот