Од вечер поскапуваат бензините и дизелот

Категории: Македонија

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден до два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 82, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83,5 денари за литар.

Еуродизелот ќе се продава за 72,00 денари за литар.

Зголемување има и кај малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50  денари. Тоа сега ќе чини 60,50 денари за литар. Се зголемува и цената на мазутот за 2,172 ден/кг.

Покачувањето се должи на зголемувањето на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14. дневен период.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,