Поставени јарболи пред црквата Свети Петар и Павле во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Два јарболи со знамето на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и знамето на Република Македонија од пред некој ден го красат дворот на кичевската соборна црква Свети Апостоли Петар и Павле. Тоа е дел од преуредувањето на црковниот двор.

Пред неколку недели поради старост, опасност од паѓање и оштетување на црквата, надлежните беа приморани да ги пресечат старите борови дрвја во нејзиниот двор.

Црквата Свети Апостоли Петар и Павле потекнува од 1907 година и е изградена на темели на средновековна црква. Таа е еден од најубавите објекти во градот, како со нејзината надворешност, така и со нејзината внатрешност.

Црквата со народни пари полека се надградува и ги задоволува потребите на верниците. Изграден е нов придружен објект, во кој се наоѓаат црковна трпезарија, крстилница и административни простории за свештениците.

Од минатата година дворот го краси прекрасна фонтана која му дава посебна убавина на просторот. Разубавувањето на просторот ќе продолжи со нови содржини.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,